Демократскиот сојуз предлага да почне постапка на усогласување и утврдување на најниска плата од 250 евра, најниска пензија од 200 евра и да се формира Фонд за изградба на станови за граѓаните кои што го немаат решено станбеното прашање, посебно за младите брачни парови.
Исто така, тие предлагаат да се формира Фонд за изградба на станови за потребите на граѓаните кои што го немаат разрешено станбеното прашање, посебно за младите брачни парови. Корисниците на овие станови да плаќаат минимална кирија, со можност да ги откупат.
Според ДС, оваа мерка ќе влијае на зголемување на продуктивноста, но и на намалување на одливот на млади и школувани кадри во странство, а корисниците на тие станови би плаќале минимална кирија, со можност да ги откупат.
Демократскиот сојуз ги повикува политичките партии, невладините организации и другите граѓански асоцијации, во наредниот период заедно да иницираат прашања и да предложат решенија кои првенствено тргнуваат од државните интереси и интересите на граѓаните, без популизам и дневно политички маркетинг.