Сценариото и епилогот на партиската конвенција се однапред познати и тие се копија на Кумановскиот и Валандовскиот партиски конгрес со однапред познат победник и сигурни гласачи. Се работи за веќе видена фарса и глумење демократија. Поради ова Демократската фракција ма ВМРО ДПМНЕ е загрижена од опасноста конвенцијата да стане арена каде силите ќе ги одмерат поранешните груевсти, а сега најголеми антигруевисти со мали и тапи ножиња со т.н надпартиски провмровски калкуланти инсипирирани и мотивирани од послушниците и наследниците на пребеганиот херој.
Почитувани членови на партијата и загрижени патриоти, Демократската фракција на ВМРО ДПМНЕ смета дека крајно време е да ставиме крај на понатамошно обезличување на партијата и на обидите да згасне се она што е чесно, праведно и вмровско. ВМРО-ДПМНЕ поседува интелектуален и морален капацитет и сила да одговори и да ги запре ваквите нечесни и задкулисни игри кои се во функција на реализација на зацртаните цели на Зоран Заев и СДСМ. Со вака изрежирана конвенција ВМРО ДПМНЕ ја пропушта можноста со достоен претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот и достоинството потпрени на вредности препознатливи по личната чест и посветеноста кон татковината и нацијата. Реализацијата на личните егоистични и туѓите намери и интереси мора да биде санкционирана со најостра политичка одговорност“, соопштија од Демократска фракција.