Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов преку својот адвокат испрати демант до редакцијата на „Фокус“ во врска со текст објавен на порталот кој го објавуваме во целост.
„На ден 25.10.2024 година во неделниот весник „Фокус” во рамките на текстот објавен под наслов: „Непотизам во Велес: Сестрата на министерот за култура Зоран Љутков се вработи во Народен музеј“ изнесени се невистините факти дека сопругата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов се вработи во СВР Велес во секторот за економски криминал, со што му и наштетено на честа и угледот на барателот Александар Јамалов од Велес.
Барателот Александар Јамалов од Велес го доставува овој демант до вас од причина што СВР Велес не е орган што вработува туку истото го прави Министерството за внатрешни работи, а сопругата на пратеникот Александар Јамалов од Велес е вработена во Министерството за внатрешни работи пред повеке од 10 (десет) години.
Имајки го во предвид горенаведеното како и фактот дека станува збор за факти за кои сте можеле да знаете дека се невистинити барателот Александар Јамалов од Велес со ова писмено бара во рок од 2 дена, во првиот нареден број објавите демант на наведените невистинити факти штетни за честа и угледот на барателот“, стои во демантот испратен до „Фокус“.