ДЕМАНТ: Пишувањата на „Курир“ за аферата „Пасоши“ се целосно неточни

by Фокус

Новинарот на Фокус, Љубиша Арсиќ, и автор на текстовите за „Тајната фабрика за пасоши” и „Фалсификувани лични карти” ги демантира пишувањата на „Курир“ по серијата текстови на овој портал во кој се тврдеше дека „Фокус“ и новинарот Арсиќ свесно учествувале во некаква афера „Пасоши“. Во текстот се наведени низа невистини, со цел да се фрли сосема поинаква светлина на целиот случај.

Новинарот Љубиша Арсиќ во демантот објавен на „Курир“ ги демантира гласините дека имал контакти со Захир Бекири Чауш од 2014-та година.

-Имено вашата редакција објавува реченица „Од листинзите на телефонот на Бекири кои се обезбедени, според изворите на „Курир“, утврдено е дека уште од 2014 година отпочнала соработката на новинарот на „Фокус” и „Чауш”, што е целосно неточно, се вели во демантот до „Курир“.

kurur

Нови детали за аферата „Пасоши“ „Фокус“ ќе објави во наредниот број кој излегува во петок 29 ти јануари

Поврзани новости