Демант од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје

by Fokus

Во синоќешниот текст на „Фокус“ со наслов “(ВИДЕО) Потресна исповед на скопјанка: Татко ми три седмици е во кома, а докторите прават забава во негова соба!“, нашиот медиум направи ненамерна грешка при што во првиот дел од веста е спомнато дека настанот наводно се случил во Неврологија.

Во оваа прилика, се извинуваме за ненамерната грешка, а демантот од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје го пренесуваме во целост:

„Би сакале да Ве информираме дека веста која беше објавена на Вашиот портал: https://fokus.mk/video-potresna-ispoved-na-skopjanka-tatko-mi-tri-sedmitsi-e-vo-koma-a-doktorite-pravat-zabava-vo-negova-soba/ е со погрешна содржина.

Видно од снимката и текстот во овој случај не станува збор за ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје, туку за друга клиника која е дел од Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ – Скопје.  Во ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје не се вршат оперативни зафати.

Ве замолуваме да извршите корекција на веста која веќе е распространета на социјалните мрежи и во иднина пред да споделувате вести информирајте се за веродостојноста на податоците“, соопштија од Неврологија.

Поврзани новости