По излегувањето на новиот текст во неделникот „Бебињата на Гинекологија ги третираат како кукли“, од клиниката излегоа со демант. Нивниот демант го објавуваме во целост:
ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје најостро реагира на текстот поради тенденциозното продолжување на изнесување на необјективни и невистинити податоци за целокупниот лекарски колегиум како и невистини кои го нарушуваат угледот на клиниката.
На висина на задачата, со сета морало етичка одговорност ја информираме македонската јавност дека овој медиум прави тенденциозен атак врз не само угледот на клиниката туку и мирот и спокојството, довербата и одлуката на пациентките.
Фактот дека ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство е најголемо родилиште во Македонија е и факт дека кај нас се хоспитализирани најсложените случаи, а често пати поради свесноста за сложеноста пациентките иако ги контролираат своите бремености во приватни болници истите се одлучуваат за породување на клиниката. Такви случи се препраќаат и од самите болници на нашата клиника.
Соочувајќи се со тој податок не го занемаруваме бројот на починати пациенти, но напоменуваме дека за сите пациенти на клиниката постои медицинска документација која е доказ за целиот третман на пациентите.
Сите неосновани коментари, кулуарски муабети се повод за вознемирување на јавноста и сеење страв и недоверба кај истата, но и повод следен пат ЈЗУ У ГАК правно да им даде разрешница на сите клевети и навреди кои и се препишуваат преку судски процес каде ќе се соочат само аргументите.
Како тим на професионалци, луѓе кои се посветени на животот и здравјето на човекот, како хуманисти, како родители сочувствуваме со немилите настани на споменатите пациентки и стоиме на располагање за секоја консултација, увид во документација и помош доколку имаат потреба.
Со пациентите е постапено по сите стандарди.
ЈЗУ У ГАК ја почитува приватноста на пациентите и нема да изнесува повеќе детали околу случаите во јавност
Обдукциските наоди ќе ги потврдат причините за смртта на новороденчињата.
ЈЗУ У ГАК – Скопје бара во наредниот број на Фокус објавување на овој Демант како и на сите сајтови и портали каде истиот го имате споделено, во спротивно ЈЗУ У ГАК ќе превземе правни дејства.