Екипи на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите предизвикани во снабдувањето со електрична енергија од невремето што вчера зафати делови од земјава.
Портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски информира дека засилени екипи се насекаде на оние места каде што има проблеми во снабдувањето или прекини каде што корисниците немаат доволно снабдување со електрична енергија.
Како што изјави тој, најмногу проблеми на средно напонско ниво во дистрибутивната мрежа беа предизвикани во Скопскиот, Битолскиот, Тетовскиот, Гостиварскиот и во Кичевскиот регион. Одредени проблеми во снабдувањето имало и во охридскиот регин.
Остануваат без напојување Волково, Новоселски пат, Орман, Стенковец, Момин поток и Злокуќани. Во скопскиот регион во Долно Блаце и граничниот премин Блаце има проблем со снабдувањето со електрична енергија, а Топанско поле и Визбегово во скопскиот регион се без напојување со електрична енергија.