Досега 20 жртви во невремето во Скопје

by Fokus

Во невремето што го погоди Скопје досега се пријавени 20 загинати лица во реоните на Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, потврдуваат од МВР.

По завршувањето на состанокот на Управувачкиот комитет за справување со кризи, изјава даде и вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров. Според него, припадниците на МВР, припадниците на АРМ, ДЗС, општините, Градот Скопје, противпожарната бригада, Министерството за здравство преку итна помош се обидуваат да им помогнат на граѓаните.

– Седумнаесет животи потврдено е дека се загубени, во моментов добивме информација за дополнителни тројца со што бројката може да порасне на 20 и се надевам дека тука ќе застане. Сите институции од почетокот на оваа непогода се во постојана активност во борба со оваа природна стихија. Над 1.000 граѓани беа извлечени и им беше помогнато, беа во многу сериозна ситуација, а голем дел од нив и во животозагрозувачка ситуација. Институциите помогнаа оваа катастрофа да не поголема – истакна Тодоров.

Тој потенцираше дека ќе предложат до Владата прогласување на кризна состојба во траење од 15 дена во скопскиот и во тетовскиот регион

Од полицијата велат дека досега се идентификувани 13 лица, а до утринава во скопските клиники примени се 22 повредени.

Поврзани новости