Делови од Скопје неколку часа ќе бидат без струја

by valentina 08:13
08:13

Делови од Скопје денес ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на екипите на ЕВН Македонија.

Од ЕВН Македонија информираат дека денес без електрична енергија ќе останат:

од 8:00 до 13:00 часот – селата Рашче, Копаница и Бојане (Општина Сарај);

од 8:00 до 14:00 часот – улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче (Општина Аеродром);

од 8:00 до 16:00 часот – дел од потрошувачите на улица 3 и „Индира Ганди“;

од 9:30 до 14:30 часот – дел од улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и зградата 8 на улицата „Виа Игнација“.

Слични вести