446
Делегација од Кабинетот на премиерот, Зоран Заев, предводена од Цветанка Ласкова, денеска положи свежо цвеќе на споменикот во село Љубанци, во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година.
Свежо цвеќе било положено и на спомен обележјето во касарната „Илинден“, во чест и спомен на загинатите кај Љуботенски бачила кои беа припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.