СДСМ Гостивар се огради од назначувањето на новиот директор на Водостопанство

by fokus

ОО СДСМ Гостивар попладнево реагираше на поставувањето на Славе Арсоски за директор на ЈП Водостопанство на Македонија и се огради од неговото назначување.

-ОО СДСМ Гостивар го известува своето членство дека Славе Арсоски поранешен претседател на ОО СДСМ Гостивар и пратеник од редовите на СДСМ во периодот од 2002-2006 год, од 2006 год. е член на НСДП. Во период од 2006-2008 кога НСДП коалицира со ВМРО-ДПМНЕ истиот е поставен на истата функција како денес односно директор на ЈП Водосттопанство на РМ. ОО СДСМ Гостивар од првиот момент на сознаније дека НСДП го спрема истиот како кадар за погоре наведеното место реагираше кај структурите од НСДП како на локално така и на Централно нив меѓутоа истите не ги послушаа нашите сугестии. Од тие причини ОО СДСМ Гостивар се оградува од назначување на Славе Арсоски за директор на ЈП Водостопанство на РМ, се вели во реакцијата на ОО СДСМ Гостивар.

Тие додаваат дека ако НСДП уште еднаш не го преиспита својот став, евентуалното коалицирање на локално ниво за наредните локални избори е доведено во прашање. 

Поврзани новости