Десетици проектили ги погодија објектите на енергетската инфраструктура во 11 региони и градот Киев, соопшти вечерва премиерот на Украина Денис Шмигаљ.
Снабдувањето со електрична енергија било во прекин речиси низ целата земја. Проблеми со водоснабдување има во 8 региони.
Владата заедно со сите одговорни агенции започна со реализација на оперативен план за реставрација на оштетените објекти.
-Според првичните информации, денеска ќе можеме да обновиме поголем дел од енергетските инфраструктурни објекти. Снабдувањето со енергија е веќе обновено во градот Суми, а процесот е во тек во Житомир и Харков. Воведен е распоред на итни исклучувања во регионите Киев, Киев, Чернихив, Черкаси и Житомир.
Апелирам до сите Украинци со исклучително важно барање: ограничете ја потрошувачката на електрична енергија, особено во вечерните часови, овие неколку дена додека се работи за реставрација и поправка. Ако е можно, не ги вклучувајте уредите што трошат најмногу енергија. Ова ќе го намали оптоварувањето на нашиот електроенергетски систем и ќе овозможи инфраструктурата да се обнови што е можно побрзо, напиша премиерот на Телеграм.