425
Дел од професорите од средните училишта во Тетово го бојкотираат екстерното тестирање за матурантите. Во тетовската гимназија полагаат македонските паралелки, а екстерното не полагаат албанските паралелки.
Во текстилното и во средното економско училиште во Тетово, и покрај штрајкот, делумно било реализирано екстерното тестирање. И во Гостивар бојкотот е засилен.И економското училиште во Битола од денеска се приклучува кон штрајкот на СОНК.
Просветарите веќе втора недела штрајкуваат, а во меѓувреме се соочуваат со засилени закани и притисоци. Во посета на Македонија е претседателот на Европскиот синдикат за образование Мартин Ромер кој доаѓа поради штрајкот на СОНК и игнорантскиот однос од страна на власта.