АНКЕТА: Мнозинството граѓани веруваат дека би можеле да бидат ист или подобар претседател на Македонија од моменталниот претседател.

by lali

Во анкетата што беше направена по телефон во неделата навечер, кога голем број од граѓаните се дома, големо дел од нив се изјаснија дека кога би добиле шанса би можеле да бидат исти како Горѓе Иванов или дури и подобари од него во улогата претседател на Македонија.

72% од анкетираните велат дека можат и би сакале да бидат на местото на Иванов, додека 19% од нив мораа прво да прашаат во штаб дали смеат било што да одговорат. Мал број, односно само 6% од испитаниците беа недостапни, а 3% од нив се уште одговараат на фиксен телефон со извикот „ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО.“

Според резултатите од анкетираните може да се заклучи дека скоро секој граѓанин би можел да биде претседател на државата без оглед на неспособноста да биде лидер и способноста да не знае да зборува, да има свој став или било која друга незавидна квалификација што ја поседува сегашниот претседател на Македонија.

Инаку колку за потсетување за оние кои заборавиле или не знаат, Иванов го издржува вториот мандат како претседател на Македонија, факт што доволно говори за самата држава.

 

Напомена: Веста е измислена и сатирична, сѐ додека не стане реална.