Дел од меѓународната заедница сакала Димитров да биде премиер

by fokus

Се уште актуелниот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров на денешната неговата последна прес конференција на оваа позиција откри дека дел од, како што ги нарече, меѓународните пријатели, побарале тој да го наследи Зоран Заев на премиерската позиција, но коалицијата тоа не го прифатила.

-По оставката на премиерот Заев, дел од нашите меѓународни пријатели се јавија со поддршка јас да ја преземам владата. Објаснувањата поради кои ова не беше прифатено од коалицијата, кажано преку вас новинарите, е дека сум бил нереален идеалист и премногу принципиелен и не сум се разбирал од меѓупартиски пазари. За мене ова се комплименти. Ако за моите принципи нема место во македонската влада мора да им најдеме место во македонската политика и во македонското општество, рече вицепремиерот за европски прашања во заминување.

 

Поврзани новости