Димитров: Немам доверба во Османи, тој сака да го реши спорот со Бугарија по секоја цена

by Fokus

Никола Димитров, вицепремиерот задолжен за европски прашања, вели дека не се повлекол сам од функцијата и оти тоа што нема да биде дел од новата влада е резултат на неговите позиции во однос на прашањето со Бугарија. Тој рече дека нема целосна доверба во министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во однос на прашањето со Бугарија. Според Димитров, министерот Османи сакал успех по секоја цена да се реши прашањето со Бугарија.

-Да, немам целосна доверба во министерот за надворешни работи во однос на прашањето со Бугарија, со оглед на моето искуство на интерните координации, средбите во Брисел. Имам чувство дека таму има „драјв“ за успех по секоја цена, што мислам дека е опасен и не продуктивен. Можеби грешам и се надевам дека грешам – кажа Димитров.

Не се повлеков сам, моите позиции за спорот со Софија се причина што нема да сум во Владата, вели Димитров

Посочи дека македонскиот јазик е интимна работа и е наш, а државата е независна, па затоа, право и должност е достоинството да се зачува.

Поврзани новости