Дел од извештајот на МВР за настаните кои се случија во Собранието на 27 април

by fokus

Министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски, попладнево на прес-конференција соопшти дека го добил извештајот за настаните што се случија на 27 април во Собранието.

Тој не соопшти имиња, бидејќи тоа било класифициран документ, меѓутоа во дел од извештајот стои дека насилното влегување на граѓаните во Собранието е резултат на отварањето на главниот влез од внатрешната страна, што довело до загрозување на безбедноста во Собранието.

Понатаму во извештајот се вели дека полициски службеник од внатрешното обезбедување во обид да ги обезбеди вратите, бил спречен во преземањето на дејствието од страна на пратениците. Дел од полициските службеници од Одделот за заштита на определени личности и објекти кои биле присутни во Собранието при отварање на влезните врати, не презеле дејствија за спречување на истото.

„Раководителот на Оперативниот штаб (златна команда) и раководителите на надлежните организациски единици во БЈБ, иако биле исполнети условите навремено не издале наредба за повикување на припадниците на Одделот за специјални полициски операции;

Раководителот на Оперативниот Штаб (златна команда) дури по 20,30 часот издал наредба на полициските сили на Одделот за специјални полициски операции, за употреба на средства за присилба, со цел извлекување на пратениците од прес салата во Собранието со што е воспоставена единствена команда која резултирала со ефикасно и координирано постапување на полициските сили за обезбедување на поволна безбедносна состојба во и околу објектот на Собранието на Р Македонија.

Министерот за внатрешни работи во 17,59 часот преку СМС комуниикација го предупредил раководителот на Оперативниот штаб во МВР, дека состојбата во Собранието на Р Македонија може да ескалира. Повратно од страна на  раководителот на Оперативниот штаб во МВР преку СМС комуникација бил известен дека состојбата е под контрола. Министерот за внатрешни работи остварил телефонска комуникциија и со други членови на Оперативниот Штаб кои исто така го информираат дека состојбата е под контрола.

Откако, Министерот за внатрешни работи добил информација дека состојбата во Собранието на РМ ескалираат и се упатил кон Оперативниот Штаб се обидел да оствари телефонска комуникација со раководителот на Оперативниот Штаб, која не е остварена, односно прекината е секаква комуникација се до пристигувањето на Раководителот на Оперативниот Штаб во Штабот на МВР.

По пристигнување на Министерот за внатрешни работи во Оперативниот Штаб на МВР, барал веднаш да се  преземат сите неопходни мерки и активности, вклучувајќи и брза евакуација на пратениците, но не се преземени адекватни активности согласно дадените насоки од страна на Министерот, се до доаѓање на Раководителот на Оперативниот Штаб ВО 20,07 часот “, стои во извештајот на МВР.

Поврзани новости