906
Актерите Славиша Кајевски, Оливер Митковски и Сашо Тасевски говореа на денешниот протест против новиот закон за плаќање придонеси за хонорари. Тие изведоа дел од нивни улоги, кои се поклопуваат со проблемите со кои се соочуваат денес.
Славиша Кајевски изведе монолог од претставата „Мара Сад“, во кој се вели „Народот трпеше се’ и сешто, сега се одмаздува“. Оливер Митковски пак, го изведе монологот од претставата „Тартиф“ од Молиер, во кој се зборува за лицемерството.
Сашо Тасевски упати жестока критика кон власта дека го разединува опшеството и дека ги корумпира актерите. Рече дека има корупмирани актери до гуша, но има и такви кои не се. На крајот, свртен кон Владата, порача дека „Царот е гол“.