Дејвид Грејсон гостин на третото издание на „Форумот на добри компании“

by fokus

На 10 декември, во хотел „Скопје Мериот“ ќе се оддржи третото издание на „Форумот на добри компании“, настан што ги обединува бизнис заедницата, граѓанскиот и јавниот сектор, институциите, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“.

„Форумот на добри компании” ги сублимира најприменливите одржливи практики од светот согласно локалниот контекст и потреби, а светско движење за трансформацијата на постоечкиот економски систем е негова главна тема.

Еден од главните говорници на Форумот годинава е Дејвид Грејсон, универзитетски професор, консултант и говорник за одговорен бизнис, корпоративна одржливост, цели и соработка. Автор е на седум книги, и е почесен професор по Корпоративна одговорност на Факултетот за менаџмент на Универзитетот Кранфилд. Има работено со многу водечки глобални бизниси, како и со меѓународни институции, како ОЕЦД, Европската унија и Светската банка.
Грејсон бил дел од одбори на повеќе социјални претпријатија и институции, а во моментов претседава со националната добротворна организација „Carers UK“.
Престижниот „Гардијан“ го именуваше како еден од десетте најдобри светски влијателни личности на твитер – за одржливо лидерство.

Покрај Грејсон, од Холандија во Скопје доаѓа и Румјана Таневаменаџерка за корпоративно вклучување во известување за одржливост, ГРИ индексот, што сега се користи ширум Европа и во светот за мерење на импактот од деловното работење, Тадеј Слапник од Словенија, поранешен државен секретар во Владата на Миро Церар, а сега претседател на „ЕУ блокчеин хаб“, кој ќе говори на тема: блокчеин технологија, како и Кенет Хог, кој ги спроведе најмасивните реформи во блиската историја на шкотската влада.

Поврзани новости