(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ поткастрен поткаструвач
Драго ми е што ве изнасмеа гестот на Петков кој од фотка ме скастри,
но ај сега сериозни да бидеме: Владата реши маржите да ги спастри!
Ете, и јас ги скастрив долгите прсти на трговците, цените не ги пипам,
за народот леб и сол да има, спремен сум и од профитите да штипам!

 

Данела АРСОВСКА радикал во најава
Градоначалниците наследија долгови за струја, па крај не им се гледа,
од Владата бараме да ни даде пари, и да не спаси од енергетска беда!
Во спротивно, ние друг избор ќе немаме освен да станеме радикални,
на ЗЕЛС решивме така оти долговите ни раснат, и скоро се вертикални!

 

Славјанка ПЕТРОВСКА глобален играч
Бев во Брисел на средба со сите министри за одбрана во НАТО, екипа!
Таму сите се сложивме да му кажеме на Путин Украина да не ја пипа!
Јас лично му дадов „последна шанса“, па видовме тој како се постави,
Путин не нѐ врти ни два посто, ако му текне без гас руски ќе нѐ остави!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Стево Пендаровски, Христијан Мицкоски, Талат Џафери и Бујар Османи е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости