Петровска во Брисел: Дипломатско решение меѓу Русија и Украина

by Фокус

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, изјави дека целта на денешниот состанок е да се реафирмира единството на НАТО, да се даде шанса на дијалогот во кризата меѓу Русија и Украина и да се потенцира поддршката за целосниот интегритет и суверенитет на Украина. Според неа, треба до крај да се даде шанса за дипломатско решение за кризата меѓу Русија и Украина.

-Овој состанок се одржува во важен период и за европската безбедност и за безбедноста на евроатлантската област. Ќе ги реафирмираме нашите позиции за мирно решавање на кризата помеѓу Русија и Украина. Даваме последна шанса на дијалогот за дипломатско решение. Ќе го потврдиме единството на сите земји-членки на Алијансата, како и нивната безбедност – рече Петровска.

Поврзани новости