(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Фатмир БЕСИМИ составувач на буџет
Толку многу добро сум го склопил буџетот што и ММФ ми рече браво,
тежи 5,5 милијарди евра, ама е развоен, и на тоа ќе работиме здраво!
Пари има за сѐ, од избори до лекови, но не и за функционерски плати,
за 1.500 луѓе администрација е намалена, од некаде мора да се крати!

 

Гордана ЈАНКУЛОСКА загубувач на време
Е па, еве сум јас слободна, а плус и на Миле предмети му застаруваат,
па дури и оштета за притвори ќе му се плаќа, 3.900 евра го очекуваат!
Мој предлог е за уши и евро по евро да ги собира, нека не губи време,
времето загубено не се враќа, баш како оној што крај Дунав си дреме!

 

Христијан МИЦКОСКИ на брз воз
Има светло на крајот на тунелот, но не е од воз, оди возовите ни стојат,
но кога јас ќе сум премиер ќе фрчат со 120 км на час, месеци се бројат!
На изборите ќе ја носам листата во Единицата, како да сум локомотива,
и ако сите застанете зад мене како вагони, нѐ чека светла перспектива!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Билал Касами, Данела Арсовска и Бојан Маричиќ е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости