(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ во контакт со светот
Сум станал ко Тито на времето што го почитуваа и во Африка и во Азија,
примив амбасадор од Ангола, а кај Ердоган отидов чисто од куртоазија!
Во Анкара бев на инаугурацијата на турскиот претседател, втор мандат,
па ај догодина и он мене да ми дојде за вториот, ако и бидам кандидат!

 

Благој БОЧВАРСКИ полнач на буџетот
Пих, ми се качија на главата твитерџиите што платив од 150 евра казна,
ДКСК ми најде грев за вработување на роднини, но афера е тоа празна!
Туку, средив до Охрид од Манчестер и Лондон летово летови да летаат,
од тоа (а не од казни) колку ќе се полни буџетот ај нека ми пресметаат!

 

Данела АРСОВСКА предмет на кавга
Па, признавам дека баш ми годи што ДУИ и ВМРО околу мене се караат:
ДУИ вели дека и други вмровски градоначалници од Мицко спас бараат,
ВМРО одговора дека ДУИ со мене (ради корупција) се идентификувала,
бев спремна на сѐ, но дека ДУИ и ВМРО ќе ги скарам, не бев очекувала!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Славјанка Петровска и Оливер Спасовски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости