(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Данела АРСОВСКА со лош Совет
Што сѐ не би дала да имам добар Совет, каде никој нема да ме плука,
не ми дадоа пак пари за (еко) автобуси, а пат ме чекаше за Бања Лука!
Ама сепак го посетив Станивуковиќ, од тениски турнир селфи си имам,
префрлањето на топчето ме потсети: подобар Совет сакам да примам!

 

Христијан МИЦКОСКИ слушач на свиркачи
За тие што мислеа дека договорот со „Бехтел и Енка“ ќе си остане тајна,
џабе се надеваа, свиркачи ни го доставија, гледам, работата не е сјајна!
Груби се нуди да лежи во затвор, а и ќе лежат сите со совести немирни,
па нема да плаќаме ние пенали, ние ќе ги шутираме, ај судијо: свирни!

 

Владика ПЕТАР човек со (теле)визија
Како да не отворам своја телевизија кога медиумите не ми се пријатели,
а некои си „борци за човекови права“ гаѓаат по мене со отровни стрели!
Барат да ме расчинел синодот, но тој е зафатен баш со помирувања сега,
зошто да не си простиме сите, кога еве и Вранишковски пак ми е колега!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Максим Димитриевски, Благој Бочварски и Стево Пендаровски  е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости