(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Оливер СПАСОВСКИ светло на крајот на тунелот
Во комунизмот ја пеевме „у тунелу у сред мрака, сија звијезда петокрака“,
а во наше време тунели пуштаме во употреба со чочеци, повесело е така!
Додека во Тетово славев основање на Ка-Пе-Ем, во Ка-Пе-Дом се копало,
во Идризово цел тунел пронајдовме, значи цел систем е „пиши пропало“!

 

Славјанка ПЕТРОВСКА експерт за експорт
Владата реши да го ограничи извозот на јајца, и тоа е одлука баш добра,
место јајца можеме безбедност да извеземе, и онака многу ни се собра!
Толку многу имаме безбедност што може да ја експортираме со шлепер,
а да увеземе најубаво е малку среќа, на Балканот за несреќни сме репер!

 

Христијан МИЦКОСКИ играч за второ полувреме
Таче ме спореди со внукот кој му барал плејстејшн, наместо да земе книга,
а не знае тој дека јас играм игри за кои тој е мал, јас играм ко во прва лига!
Уставните промени нема да се случат во ова полувреме т.е. во овој мандат,
а после изборите ќе видиме, прво да добијам топка, па ќе бркаме резултат!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Димитар Апасиев, Каја Шукова и Бојан Маричиќ е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

 

Поврзани новости