Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Славјанка ПЕТРОВСКА дарежлива министерка
На војниците што по земјотресот во Турција ги пративме да спасуваат,
по враќањето дома ќе им дадеме плус една плата и нека се радуваат!
Хакирањето на Фондот за здравство, од хибридна војна е вид на удар,
бараат од нас 2.000 биткоини… па нели во ГТЦ имавме крипто рудар!?
Оливер СПАСОВСКИ министер за бомби
Од лажните дојави за бомби не виде никој дека право оружје изгоревме
заедно со дрогата запленета лани, додека против криминал се боревме!
Но, јавноста повеќе се запали по Лаки и злоделото му во „фиќо“ сторено,
тоа испадна најголема бомба деновиве, признание дадено најотворено!
Христијан МИЦКОСКИ ловец на бели мечки
Овде владее корупцијата и секој кримос е заштитен како бела мечка,
тоа го пишува во World Justice Project и дека власта за излез е пречка!
Владата на СДСМ и ДУИ е заштитник на такви елити кои срам немаат,
а Таче и Груби дури крадат, и ново национално предавство спремаат!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Данела Арсовска, Стево Пендаровски и Марко Бислимовски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.