Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Фатмир БИТИЌИ на прав пат
Да, личи дека државава оди во погрешен правец, ама не оди, туку брзо вози,
(не по автопат, оти Кичево-Охрид ќе биде готов во 2024-та ако нема дубиози)
ама јас сум оптимист дека уште пар кривини па ќе фатиме и да напредуваме
и толку далеку ќе стигнеме што работници ќе ни фалат, па и ќе ги увезуваме!
Максим ДИМИТРИЕВСКИ градоначалник, а не кмет
Ми паѓа жал понекогаш за колешката Данела што често ја викаат „кметица“,
но јас сум градоначалник и им одржав лекција на Бугарите за чиста петица!
Им отидов на нивната телевизија во Софија, и им реков: еј ајде доста више,
еден куп луѓе сте стрелале тука, со крв што е напишано најтешко се брише!
Христијан МИЦКОСКИ математички (не)прецизен
Сигурно памтите кога велев дека математички прецизно политика ќе терам,
сега сум непрецизен, дали 55, 58, 60 или 62 пратеници на избори ќе зберам,
ни сам не знам, како што не знам ни дали амнестија за 27-ми април ќе дојде,
ама ете предлагаме закон за тоа, не за друго, до избори време да ни пројде!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Димитар Апасиев, Стево Пендаровски и Благој Бочварски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.