(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Данела АРСОВСКА исфрлена од игра
Не сум јас крива што во Ѓорче Петров ракомет да се вежба сега не може,
салата во која вежбаше клубот е несигурна, и ја затворив, за не дај Боже!
Некако слично, СДСМ и ВМРО во ЗЕЛС и мене ме исфрлија од игра, о да,
сложно одлучија да не сум главна и на мое место е Орце од Кисела Вода!

 

Арбен ТАРАВАРИ барач на шанса за Алијанса
Тешко е во опозиција да чекаш избори, и ако ги нема, што човек да прави,
освен да влезе во Влада и барем во сектор здравство, свој кадар да стави?
Нам не ни е до власт, не би прифатиле министерство за бурек за Алијанса,
арно ама, досадно е надвор од власта, па за нашите кадри, бараме шанса!

 

Христијан МИЦКОСКИ доброволец со лоша волја
Па, не ми се веруваше дека 22 години после 2001-та, некој ќе ми го спори
придонесот мој како доброволец, како човек што сам се јавил да се бори!
Џабе објавував фотки во униформа, Ахмети вика на те-ве сум гледал војна,
многу ме заболе тоа, повеќе и од играта на Таравари, превртлива и двојна!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Стево Пендаровски и Славјанка Петровска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

Поврзани новости