(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ очекувач на промени
Бев и на самитот на лидерите на земјите од Западниот Балкан во Тирана,
каде што најавив уставни промени, некои вмровци има да сменат страна!
На сосема друга тема, за учениците набавивме јаболчиња, дури 743 тони,
децата се предебели, па од фаст фуд на здрава храна ќе преминат и они!

 

Оливер СПАСОВСКИ (п)одржувач на редот
Иако МВР беше во наслови на многу вести, во Арачиново скандал нема,
за скандалот со „флешерите“ казнивме полицајци, па толку на таа тема!
И со пасошот на Онишченко сѐ е во ред, но ќе му го земеме, чисто онака
конечно, Германија донираше теренски возила, пријател ни е, и нѐ сака!

 

Никола ТУПАНЧЕСКИ  праведен министер
Што ме прашувате па мене за Судскиот совет и новата му претседателка,
и што ако не била никогаш судија, експерт е, нема да биде украс на елка!
Па и Уставен суд им даде изин на Талат и Груби, избрани прописно биле,
а на Анџела џабе ѝ е тимот против корупција, системот премногу гнил е!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Данела Арсовска, Фатмир Бесими и Славјанка Петровска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости