Владата кон МВР: Веднаш да се одземе државјанството на Онишченко

by Fokus

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.

Како што посочува владината прес-служба, Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.

– Владата го задолжи МВР да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Поврзани новости