Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Данела АРСОВСКА давач на совети
Сакам еден совет да давам, буквално, да влезам во Совет и да ги давам
сите таму кои водат бој против мене, но немам сила, и сал хаос правам!
Мојата визија е Скопје да стане зелен рај, а црн пекол ми креира Трајко,
ми вика инспекција, а јас нему полиција, се караме нонстоп, леле мајко!
Максим ДИМИТРИЕВСКИ спојувач на празници
Ако не ме пратите што правам, еве да ви кажам дека мрежата ја ширам
на здруженија со зборот „наше“ во името, така за партија кадри збирам,
прво Куманово, па Прилеп, па Крушево, ги споив така АСНОМ и Илинден,
а покажав почит и за Зебрњак, па ќе го спојувам Илинден и со Видовден!
Димитар КОВАЧЕВСКИ лидерски (пре)среќавач
Во Собрание на лидерската средба сите дојдоа, освен Касами и Апасиев,
и им кажав отворено и што нѐ чека и што од нас се бара, ништо не криев!
Па така, со или без опозицијата, мислам дека уставни промени ќе имаме,
предвремени избори не, напротив, нови избегани од ВМРО ќе примаме!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Стево Пендаровски, Бојан Маричиќ и Димитар Апасиев е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.