Оризопроизводителите на протест, им се приклучија тутунарите и овоштарите

by Фокус

Оризарите денеска два часа го блокираа патниот правец Штип-Кочани со земјоелска механизација, во знак на револт од игнорантскиот однос на ресорниот министер, бидејќи, како што велат, жетвата заврши но ветувањата не им се исполнети.

Според нив, во август беше утврдена производната цена за килограм арпа во висина од 27 денари, а се откупува селективно од 22 до максимум 24 денари.

-Ние се уште имаме откуп кој се одвива по цени под производствената цена, што е недопустливо- изјави Ставре Јанев, оризопроизводител од Грдовци.

На протестот на оризарите се приклучија и тутунарите, овоштарите и сточарите.

-Имаме исти проблеми, а решенија никакви. Владата и министерството не ставија на „игнор“ и не помноѓија нас земјоделците со нула-  изјави Ѓорѓи Каракашов, земјоделец од Радовиш.

Земјоделците од сите региони кон крајот на годината најавија организиарње на генерален штрајк.

Поврзани новости