(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Данела АРСОВСКА без лиценца
Не постои маж кој што може да ме загрози иако сум свесна за заканите,
но дали има маж кој на Скопје гас ќе му обезбеди зимава за топланите?
Градот со кој раководам за жал, нема лиценца за со парно раководење,
плус, бесплатен јавен превоз ќе нема, па затоа и вежбајте си вие одење!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ обраќач пред ООН
Ни на сон не сум можел да верувам дека еден ден и таа чест ќе ја имам,
пред ООН да држам говор, за кој сал од ВМРО критики после ќе примам,
оти демек не сум рекол ни еднаш „македонски“, ко тоа да е ептен битно,
но, да го оставиме тоа, струја мора да се најде за зимава, и тоа под итно!

 

Талат ЏАФЕРИ борец против хакери
Гледате ли дека сме цел на кибер-напади, мета на дигитални терористи,
ама за нив нема да има амнестија и Рамковен, тоа зло мора да се чисти!
Во Собрание го скениравме секој компјутер, хакерите од мака ќе пукнат,
ќе има и антивирус, па под Windows (т.е. прозор) ќе може да ни плукнат!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Стево Пендаровски, Фатмир Битиќи и Димитар Апасиев е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

 

Поврзани новости