Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Христијан МИЦКОСКИ сомничав опозиционер
Нервозата кај власта е сѐ повидлива, па филџаните затоа полетаа сега,
пред Бугарите Таче се предал уште пред 6 месеци, па не може да бега!
Затоа, ја предизвикувам власта на избори и како референдум да се тие,
народот да каже согласен ли е со предлогот што власта сѐ уште го крие!
Максим ДИМИТРИЕВСКИ човек во движење
Знаете како е во партија, пред лошите потези се препорачува мижење,
но откако ми се отворија очите, решив да формирам некакво движење!
Тоа нема да е партија, јок скраја да е, онака, со пријателите зафрканции,
прво да видам на кого може да сметам, а за потоа – не давам гаранции!
Данела АРСОВСКА нежелна за одмор
Оној па Шилегов, го нападна Антонио, вика косата му паднала два пати,
а тој има паднато еднаш од власт, и да проба втор пат нема да се врати!
Мојот претходник треба да молчи или да се извини за оставениот хаос,
за да го средам Скопје се откажувам и од одморот, па кажете ми „браос“.
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Димитар Апасиев, Марко Бислимовски и Антонио Милошоски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.