(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Оливер СПАСОВСКИ во потрага по кадар
Тонам во море од солзи поради она што во Битола го направи Ламбе,
напад со палење оган е опасно, а не е ко со цигла да скршил џам, бе!
Затоа, не прашујте  оти ќе вработам нови 600 полицајци, нели е јасно:
за ако Некст Тајм ја препејат „Зајко кокорајко“ да не реагираме касно!

 

Али АХМЕТИ јубилеен тендерџија
Викајте urime, urime, mојата ДУИ славеше јубилеј 20 години на сцената,
на албански тоа е „честито“, а за цената на зејтинот прашајте ја жената!
Јас не се занимавам со домашна економија, само со тендери, али чесно,
парите сум ги заслужил, да ја внесам Северна у НАТО, ич не беше лесно!

 

Лидија ДИМОВА товарена со обвиненија
Уште кога ги тренирав магарињата знаев дека ќе останам насамарена,
сега ме товарат мене за сѐ, но јас сум чиста, а политиката е покварена!
Демек, сум ја оштетила државата за 320 илјади евра, криминалот „јак“
ако мене ме осудите, кој утре ќе се бори против некој нов режим пак?


Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Славјанка Петровска и Стево Пендаровски  е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости