Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Димитар КОВАЧЕВСКИ прв баксузлија
Во Осломеј пред да ја пуштам фото-централата, пожарче се случи,
тоа беше знак дека неделата ќе биде баксузна и глава ќе ми бучи!
Штрајк започнаа учителите, а и Мухи за корупција во притвор ојде,
дали и светло во тунелот има: маските се укинаа, короната пројде!?
Љупчо НИКОЛОВСКИ одгледувач на сончогледи
Јавноста ме знае и како „Љупче Путерот“ но сега и за зејтин се борам,
мора да се садат сончогледи повеќе, ако треба и лично ниви ќе орам!
Владата обезбеди услови, опрема и субвенции, само треба да се сади,
а на народот зејтин му носам, инфлацијата повеќе маст да не му вади!
Стево ПЕНДАРОВСКИ полн со разбирање
Бев во Црна Гора на посета, да го видам баш ми е Ѓукановиќ Мило,
а таму чув дека Албанија бара да се одвои од нас, незгодно ѝ било!
Што да ви речам, го разбирам Рама, сака без багаж кон ЕУ да цепа,
ама кој да не разбере нас, широк пат кон Брисел, а улицата е слепа!?
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев, Славјанка Петровска и Никола Груевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.