Димитров од Приштина и порача на опозицијата: Страшно е референдумот да го поткопуваме со барање за неказнивост

by fokus

Мислам дека е страшно ако било кој политички фактор во Македонија се плаши од соочување со волјата на граѓание, тоа е референдумот. Уште пострашно е ако тоа го поткопуваме со важни принципи како принципот на неказнивост, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на денешната прес конференција во Приштина, по средбата со неговиот колега од Косово, Беџет Пацоли.

-Имавме два обиди да најдеме заеднички јазик со опозицијата во однос на референдумот. Влогот е многу голем, имаме историски недели и месеци пред нас. Се работи за конечно отворање на вратите на НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Мислам дека е страшно ако било кој политички фактор во Македонија се плаши од волјата на граѓаните, а референдумот е соочување со волјата на граѓаните, мислам дека е уште пострашно ако соочувањето со волјата на граѓаните го поткопуваме со важни принципи. Македонија се разбуди од еден кошмар на неказнивост и принципот на одговорност е поважен дури и од овој. Не може ваков историски процес да биде условен со кршење на принципот на одговорност и од нов обид во недела. Во вакви моменти мора да мислиме на граѓаните и не смееме да мислиме на својата партија и  својата политичка кариера. Преважен е моментот, и тој кој нема да го разбере ова ќе излезе многу мал и граѓаните тоа ќе го препознаат – рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање.

Поврзани новости