Дебатата за новите законски измени во образованието без Професорскиот и Студентскиот пленум

by Фокус

Професорскиот пленум составен од околу 500 професори, денеска нема да учествува на дебатата за новите законски измени во високото образование организирана во хотелот Александар Палас бидејќи таму не се поканети преставници од Студентскиот пленум. Дебатата е организирана од Владата и Министерството за образование.

Според нив, единствена цел на овој настан е да креира привид на транспарентност и партиципативност во донесувањето октроирани закони. Професорскиот пленум и натаму цврсто стои зад барањето за повлекување на законските измени, кои се велат атак врз високото образование и автономијата на Универзитетот.

На средбата не се поканети претставници на Студентскиот Пленум.  Покрај членови на Интеруниверзитетската конференција, МОН на дебатата покани и по пет професори кои во јавноста изразиле забелешки и несогласување со реформите и по петмина професори кои ги поддржуваат реформите во високото образование, кои ги иницираше Владата.

Поврзани новости