ДД: ДУИ спасот го гледа во Груевски, го активираат Врховниот суд!

by Фокус

ДУИ знае дека ќе ги изгуби изборите и дека ќе оди во опозиција, па последниот спас го бараат во стариот другар и соработник Никола Груевски, велат од опозициската Демократско движење.

-ДУИ го прогласи Никола Груевски за национално богатство на Албанците, а всушност е сламка за спас на неколку луѓе од ДУИ. Оние кои го штитеа, му овозможија да избега, му го чуваа имотот, е тие се надеваат на иста услуга назад од Груевски кон нив. Човекот кој беше причина зошто Северна Македонија беше изолирана десетина години, Човекот кој беше причина зошто многу Албанци беа осудени, прогонети и онеправдани – велат од ДД.

Од таму додаваат дека спасот ДУИ не го бара во надежта дека Груевски може да обезбеди пратеници да гласаат за промена на Уставот, туку во повторување на истите епизоди.

-ДУИ знае дека ќе оди во опозиција, а од таму го сака Груевски на власт. Тој им е должен нив. Така мислат дека Албанците ќе треба да им ги заборават сите штети, сите корупции, сите избркани деца од државата. Измените во Кривичниот закон беа почеток, за сега да продолжат со иницијатива пред Врховниот суд со која се бара враќање на аболициите на Ѓорге Иванов“, велат од партијата на Изет Меџити.

Поврзани новости