Најмногу заразени има во Скопје, Кочани, Тетово, Куманово, Прилеп

by fokus

По вчерашната рекордна бројка од 225 новозаразени со Ковид -19 здравствените власти ја анализираат епидемиолошката состојба, а според објавените податоци најмногу заразени, освен во главниот град има во Куманово, Кочани, Тетово, Прилеп, Струмица.

Во Скопје има 834 активни случаи, во Куманово 182, а во Кочани 172 заразени. Во Тетово има 150 активни случаи, во Струмица 167, а Прилеп 126 заразени. Од скопските општини најголем број на активни случаи има во Аеродром и Центар, над сто.

По неколку случаи има само во Пехчево, Кратово и Крушево.

Поврзани новости