Азербејџан започна офанзива во Нагорно Карабах, Ерменија собори три авиони

by fokus

Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските вооружени сили започнале офанзива во северните и јужните делови на регионот Нагорно-Карабах и дека биле соборени три авиони на азербејџанските воздухопловни сили.

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанјан напиша на Фејсбук дека се водат жестоки борби во северните и јужните делови на Нагорно Карабах и дека непријателот, кој концентрирал големи сили во овие области, започнал офанзива.

Таа исто така наведе дека ерменските единици го запираат напредувањето на непријателот и дека три авиони на азербејџанското воено воздухопловство се соборени во Нагорно Карабах.

Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан во спорниот регион Нагорно Карабах повторно избија на 27 септември. Ерменија и Азербејџан прогласија воена состојба и започнаа општа мобилизација на граѓаните. Двете страни објавија жртви, вклучително и цивили.

Поврзани новости