Неисправен кабел ги остави пациентите без лекови, Фондот се извини

by Fokus

Неисправен кабел ги оставил пациентите без лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување, но истиот проблем е надминат.

„Поради технички проблем со довод на електрична струја, односно неисправност на електричен кабел, денес осигурениците, матичните лекари и фармацевтите се соочија со потешкотии и имаа проблем при издавање на лекови на рецепт на товар на Фондот.

Проблемот е надминат и системот функционира нормално и се извинуваме на нашите осигуреници за било кои потешкотии кои ги имаа денес“, се вели во соопштението на ФЗОСМ.

Поврзани новости