Давидовиќ за „Рекет“: Вакви пресуди е жално што постојат

by Fokus

Случајот „Рекет“ ќе служи и почнува да служи за добивање на политички поени во предизборието.

Ова го истакна адвокатот Звонко Давидовиќ во денешното гостување на Утрински Брифинг на Слободна ТВ.

„Вакви пресуди е жално што постојат. Ако немате милион и пол евра за кои ги обвинувате дека го рекетирале оштетениот и немате 50.000 евра за специјалниот јавен обвинител кој ги зел, многу тешко ќе докажете дека ова дело за кое се обвинети опстојува. Вие тврдите дека некој тргувал со своето влијание, другиот ја злоупотребил службената положба за да направи нешто и да олесни некому кој дал пари за да го купи тоа. Притоа го немате тој кој што ги дал парите и побарал таква услуга, ги немате парите, нешто што порано се викаше давање на мито, го немате ниту во постапка како обвинет, нешто што мора да го санкционирате и казните“, вели Давидовиќ.

Поврзани новости