444
Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во вечерашното гостување на Топ тема рече дека двојните аршини во судството продолжуваат.
-Двојните аршини продолжуваат. Тие двојни аршини ги има и во Законот за амнестија. Некои што порано ја добиле пресудата, односно судијата побрзо ја напишал ќе добијат амнестија, а некои кои подоцна ја добиле пресудата нема. Судиите се сочолгеди. Се вртат таму каде што грее сонцето и тоа го научиле многу добро во изминатите 11 години, рече Давидовиќ.