Беса се подготувува за првиот конгрес на две различни места?

by fokus

Крилото на Неџбедин Каремани соопшти дека  првиот конгрес на Беса е закажан за 18 февруари во Домот на културата во Тетово. По ова, со прес конференција излегоа од крилото на Билал Касами и рекоа дека првиот партиски конгрес на Беса ќе се одржи на 24 февруари во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

-Денес уште еднаш ја потврдуваме офицјиалната одлука на Движењето Беса дека првиот конгрес на партијата ќе се одржи на 24 февруари во „Холидеј ин“ во Скопје. Одлуката ја донесовме заеднички, вклучувајќи ја и таа мала група на незадоволни кои денес зачудувачки излегуваат со гласини за манипулирање на јавноста за некоја друга дата. Ова уште еднаш докажува дека таа мала група се научени да не почитуваат одлуки на органите и статутот на партијата, рекоа на прес конференцијата.

Од крилото на Касами му посакаа среќа на Каремани во формирање на нова партија.

Поврзани новости