Специјалното јавно обвинителство со вчерашниот настап покажа дека има капацитет да се справи со криминалот без разлика на досегашната моќна заштита од партиско-политичките елити и носители на власта, оценува адвокатот Звонко Давидовиќ.
– Повеќе нема време за молчење и туркање на работите под ќилим. Јас се надевам дека ќе се оди до крај кон расчистување на сите случаи за кои има индиции за прекршување на законите. Од искучителна важноста е еднаш за секогаш да се расчистат сите општестевни и политички процеси за што има индиции за криминал и незаконско работење – смета Давидовиќ.
Тој додава дека сега се е во рацете на судиите во претходна постапка кои, според него, треба да покажат дали имаат материјал да бидат судии.
– Сега делителите на правда имаат извонредна шанса да покажат дека тоа не е така, да ги деманатираат сите оние кои велат дека судството е партиско, непрофесионално, пристрасно итн. Ако претендираат да го вратат кредибилитетот на професионализмот и интегритетот на еден парвичен судија, сите тие мора да им одолеат на притисоците, без разлика од која страна ќе доаѓаат – вели адвокатот.