ДОМ бара МНР да одговори што договорила за бегалците

by Фокус

Демократската обнова на Македонија денеска побара Министерство за надворешни работи да открие какво решение е договорено во однос на бегалската криза.

– Треба да се понудат сериозни и хумани планови, во склад со меѓународните конвенции за бегалци и раселени лица, изјави портпаролот Тони Ристов и додаде оти бегалската криза бара глобално решение со посредство на ОН.

Македонскиот министер Никола Попоски по вчерашната средба со австрискиот колега Себастијан Курц изјави дека земјава ќе пропушта онолку бегалци колку што ќе примат земјите членки на ЕУ.

Поврзани новости