491
Директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов Дац поднесе оставка од својата функција откако синоќа во пијана состојба удрил во 21-годишна девојка пешак со возилото „БМВ“ со кое управувал. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски информираше преку социјалнтие мрежи дека ја прифатил оставката на актерот.
Причината за оставката на Дац е синоќешната сообраќајна несреќа во Кисела Вода, кога удрил во 21-годишна девојка која била префрлена веднаш во болница, без сериозни последици.