Даштевски: Ќе стигнеме со набавката на терминали за отпечатоци од прсти за локалните избори

by Fokus

Постапката за јавна набавка на терминали за вчитување на отпечатоци од прсти, што првпат треба да се користат на локалните избори, е во тек. Вчера се отворени понудите. Пријавени се четири компании и постапката продолжува да тече, изјави денеска за МИА, претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски во изјава .

Тој смета дека терминалите ќе бидат набавени навреме за локалните избори, кои, според него, најверојатно би биле распишани на почетокот на август.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои ИКТ Стратегија, за која Даштевски вели дека ќе овозможи заштита повисока од претходните избори, кога Комисијата не можеше навреме да и ги презентира резултатите од изборите на јавноста.

Разговорот со Даштевски го објавуваме во целост:

До каде е постапката за набавка на терминали за вчитување на отпечатоци од прсти? 

Постапката за јавна набавка за гласање со отпечаток на прст е во тек. Минатата недела имавме известување за целокупната јавност дека ќе биде отворање на понудите вчера, како и што се случи. Се пријавија четири компании и постапката продолжува да тече – значи сега се другите дејствија што се предвидени во Законот за јавни набавки до конечното завршување, што ќе оди по истекувањето сите рокови предвидени по Законот за јавни набавки.

Ќе се стигне ли со набавката на терминалите за локалните избори?

Со оглед дека имаме уште три и пол месеци, речиси четири до избори, во зависност од тоа дали ќе бидат на 17, 24 или 31 октомври, сметам дека ќе се стигне, вели Даштевски.

Поврзани новости