Вкупно 823 казни за пребрзо возење во јуни

by Fokus

Редовните контроли на полицијата за утврдување на пречекорување на максимално дозволена брзина за управување на возило во текот на месец јуни резултирале со вкупно 823 изречени мерки на поширокото тетовско подрачје.

– Од нив, дури 83 биле за пречекорувања за повеќе од 70 километри на час надвор и 18 за повеќе од 50 километри во населено место. Контролните активности за брзина дење и во вечерните часови, кога се активира и т.н. „ноќен радар“, со несмален интензитет се планирани и наредниот период, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Покрај ова, на тетовското подрачје сообраќајно-безбедносен приоритет летово ќе биде и паркирањето, посебно во централното тетовско подрачје.

– Ова, дотолку повеќе што веќе започнаа да пристигнуваат голем број времено вработени во странство, со што значително ќе се зголеми вкупната фрекфренција и потребата од наменски простор за паркирање, истакна Јосифоски.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, а екстремно брзите и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година. Глобата за ваквите големи пречекорувања на дозволената брзина изнесува 400 евра во денарска противвредност.

Поврзани новости